АДСДП – акционерското друштво за управување и стопанисување со станбен и деловен прстор има доспеани, односно неплатени побарувања од некогашни клиенти од 30 милиони евра.
– Тестовите за кредитен ризик покажуваат дека побарувањата од купувачи, класифицирани во категоријата доспеани и неоштетени, на 31 декември 2025 година, вклучуваат извозни побарувања од 1.850.781 илјади денари, кои се постари од една година и за кои постои сериозно сомнение за можноста за нивна наплата, објави независниот ревизор во извештајот доставен до Македонската берза.
Од поранешен ПУИК не укажуваат на што конкретно се должи оваа висока сума на ненаплатени побарувања, но во извештајот за 2025 се споменува позабавена наплата на рати и на закуп за станови.
„Сите показатели на ликвидноста заз 2025 година, се движат во рамките на контролните мерки и укажуваат дека друштвото има способност да ги испорачува навремено своите обврски, да ги исплатува платите, да набавува суровини и материјали и да ги плаќа обврските спрема добавувачите и стасаните рати по кредити од деловните банки, меѓутоа Друштвото тешко на подолгг рок ги конвертира тековните средства во парични средства, обртот на залихите е спор, односно паричниот оператитивен циклус е долг, на кој значајно делуваат и високата вредност на побарувањата од купувачите кои теешко се наплплаќаат. Реално како што потенциравме залихите и побарувањата треба да бидат предмет на дополнителни анализи и превземање на дополнителни мерки од раководството на друштвото за подобрување, односно за зголлемување на паричните приливи од продажба на залихите и намалувања на побарувањата преку подобрена наплата“, нагласено е во објавениот извештај на самото друштво.
Поранешно ПУИК, акционерско друштво во државна сопственост, гради згради за станови за продажба или за социјално домување, но исто така управува со одреден број катни гаражи и паркинзи, како и други деловни објекти и националната арена Тоше Проески.
Дека за купување на станбениоот и деловен прстр на АДСДП има голем интерес пкажуваат и уплатените аванси од купувачите За една година се зголемиле двојно и изнесуваат 785 милиони денари, или околу 13 милиони евра Сумата на продадениот станбено-деловен простор минатата година изнесувала околу 2,5 милиони евра како приходи. На крајот на минатата година АДСДП имал само 63 непродадени станови на залиха, од кои 25 во Скопје. Во извештајот се спомнува дека лани биле продадени сите 65 станови од зградата во изградба во Битола преку две јавни аукции, а претходно поранешен ПУИК продаваше и станови преку аукции од зградата во изградба кај „Даре Џамбаз“ во Центар.
Ланската добивка изнесувала околу 130.000 евра, а просечниот број на вработени лица во 2025 изнесувал 298.






