Ова не е обичен документ, туку исполнување на обврската и одлучност системски и долгорочно да им се посветиме на нашите кои живеат во дијаспората. Државата се гради со сите граѓани, вели министерот за надворешни Муцунски презентирајќи ја стратегијата за соработка со дијаспората до 2030 година. Тврди дека со новините Владата ги слуша предлозите и критиките на нашинците и за таа цел ќе се работи на зајакнување на конзуларните претставништва, ќе се дигитализираат услугите, ќе се подготвуваат нови реформи и закони.
Дијаспората е стратешки ресурс кој може да и помогне на земјата во развојот на економија и културата и промоцијата на државата, смета шефицата на државата Сиљановска-Давкова, велејќи оти стратегијата е добар исчекор во однос на претходните политики кои според неа биле сведени на административни услуги. Дополнува дека треба да се направи детална демографска карта на дијаспората, а по примерот на Црна Гора да се донесе изготви комплетно нов закон.
За неколку дена националната стратегија за соработка со дијаспората треба да се најде на ЕНЕР, каде сите засегнати страни ќе може да даваат свои предлози и забелешки.








