-3.2 C
Skopje
19 December, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeЗанимливостиКако правилно да поставите синџири за снег?

Како правилно да поставите синџири за снег?

- Advertisement -spot_img

Со почетокот на зимската сезона од 15 ноември до 15 март, почнува да важи законската обврска за користење на зимска опрема во сите моторни возила. Правилникот за задолжителна опрема на возилата прецизно утврдува што секое возило мора да поседува
во зимски услови.

Според пропишаното, како зимска опрема за возила со маса до 3.500 килограми се подразбираат зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочина на шарата на слојот што гази по обем и широчина од 4 милиметри – или пневматици со летен профил
длабочина на шарите на слојот што гази по обем и широчина со минимум од најмалку 4 мм, доколку возилото во приборот има синџири за снег со адекватна големина на погонските тркала.

Како зимска опрема за возилата со погон на четири тркала 4 по 4 се подразбира зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочина на шарите на слојот што гази по обем и широчина од 6 мм, пневматици со летен профил на сите тркала со длабочина на
шарите на слојот што гази по обем и широчина со минимум од најмалку 4 мм, ако возилото во приборот има синџири за снег.

Како зимска опрема за возилата со најголема маса која надминува 3500 кг, се подразбира зимски пневматици на погонските тркала со минимална длабочина на слојот што гази по обем и широчина од 6мм, пневматици со летен профил на сите тркала со длабочина на шарите на слојот што гази по обем и широчина со минимум од 4мм, ако возилото во приборот има синџири за снег со големина на погонските тркала.

Автобуси или товарни возила, кои поради техничките причини не можат да постават синџири за снег на погонските тркала, треба да имаат зимски пневматици на погонските
тркала и прирачен алат – лопата.

Но, што кога условите на патот се навистина сложени – тука на помош секогаш доаѓаат синџирите за снег, но дали знаеме како правилно да ги поставиме?

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img