Од денеска до 19-ти ноември, на покана на командантот на Командата на здружените сили на Неапол, делегација на армијата предводена од началникот на Генералштабот генерал-мајор Сашко Лафчиски, ќе учествува на дводневна координативна конференција, што ќе се одржи во Неапол, република Италија.
На неа ќе учествуваат началниците на генералштабовите на армиите од регионот, како и претставници од партнерските земји на НАТО, а ќе се дискутира на теми од стратешко значење за Алијансата, регионалните планови на НАТО, како и активностите во надлежност на здружената команда на НАТО силите во Неапол.








