-0.2 C
Skopje
3 February, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаБолните и затворениците гласаат во вториот круг од локалните избори за градоначалници

Болните и затворениците гласаат во вториот круг од локалните избори за градоначалници

- Advertisement -spot_img

Вториот круг од локалните избори во земјата ќе се одржи утре, додека денеска вообичаено први гласаат болните и изнемоштените, затворениците и лицата во старските домови.

Според информациите од Државната изборна комисија (ДИК), денеска треба да гласаат 4 826 болни и изнемоштени лица, чии барања се одобрени од Општинските изборни комисии.

Ќе гласаат и затворениците и лицата во домашен притвор од општините каде се бираат градоначалници.

Во вториот круг од локалните избори 2025 в недела се гласа за градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје, како и на три избирачки места во Шуто Оризари за советници.

Право на глас имаат 1 013 375 граѓани. Изборната кампања за вториот круг од изборите заврши синоќа на полноќ, и ќе трае до утре до 19 часот.

Гласањето започна во 7 часот и ќе трае до 19 часот, кога ќе бидат затворени гласачките кутии.

Изборите ќе ги следат 1 598 меѓународни и странски набљудувачи, од кои 933 странски и 651 меѓународен.

Во првиот круг од локалните избори беа избрани советници во 79 општини и Градот Скопје, а беа избрани градоначалници во 44 општини, кои веќе ги добија решенијата и ги преземаа новите функции.

На овие локални избори за вкупно 81 градоначалничко место имаше 309 кандидатури, додека за место во советите се бореа над 10.490 кандидати од вкупно 576 листи. Овие кандидати – учесници на изборите се предложени од вкупно 22 политички партии, 19 коалиции и 119 групи на избирачи односно независни кандидатури.

Сепак, од вкупно 80 општини плус Градот Скопје, четири градоначалнички места ќе останат испразнети.

Во општините Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше и во Центар Жупа изборите за градоначалници пропаднаа, бидејќи не беше исполнет цензусот на гласање да излезат најмалку една третина од запишаните гласачи во Избирачкиот список.

За овие четири места, ќе има нови избори кои ќе треба да се распишаат и организираат, откако ќе бидат објавени конечните резултати од денешниот втор круг.

Инаку изборниот ден на првиот круг кој се одржа на 19 октомври, помина мирно, без инциденти, со излезност од 46,5 проценти.

Локални избори во Северна Македонија се одржуваат на секои четири години. Овие се осми по ред од осамостојувањето на државата во 1991 година.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img