3.8 C
Skopje
3 February, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаБожиновска: Вложувањето во чиста, сигурна и одржлива енергија е на врвот на...

Божиновска: Вложувањето во чиста, сигурна и одржлива енергија е на врвот на нашата агенда

- Advertisement -spot_img

На 14-от Глобален форум за одржлива енергија (IFESD-14), министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, истакна дека развојот на одржливи и модерни енергетски системи е приоритет за Македонија.

Во рамки на форумот, генералниот директор на АД МЕПСО, проф. д-р Бурим Љатифи, зборуваше за иднината на електропреносниот систем, нагласувајќи дека отпорноста, флексибилноста и координацијата се клучни за сигурно и доверливо функционирање на мрежата. Божиновска ја поздрави активноста на МЕПСО во оптимизацијата на напонскиот профил, модернизацијата на SCADA системот и интеграцијата во европските платформи за балансирање, како дел од подготовката на мрежата за идните предизвици.

„Мрежата ќе биде систем од системи – поврзана, интелигентна и флексибилна. Така ја градиме идната, климатски неутрална енергетска инфраструктура,“ истакна Љатифи, при што Божиновска нагласи дека ваквите иницијативи се во согласност со стратегијата на Министерството за енергетика за одржлив и сигурен енергетски развој.

Форумот „Од цели кон акција: Напојувајќи ја иднината со одржлива енергија“ собра над 600 учесници од 70 земји, кои заеднички дискутираа за иднината на енергетските системи и креираа визија за стабилна и одржлива енергетска иднина.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img