5.8 C
Skopje
3 February, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаТри нови училишта во Битола добиваат соларни панели за поголема енергетска ефикасност

Три нови училишта во Битола добиваат соларни панели за поголема енергетска ефикасност

- Advertisement -spot_img

До крајот на учебната година, три нови основни училишта во Битола ќе добијат фотоволтаични системи, соопшти Општина Битола. Ова е дел од продолжените активности на локалната самоуправа за зголемување на енергетската ефикасност и користење на обновливи извори на енергија во образовните установи.

Во текот на изминативе денови се вршат теренски проверки на покривите на училиштата и проценка за најсоодветна позиција за поставување на соларните панели. По завршувањето на анализите и објавувањето на тендерските постапки, ќе следува реализацијата, односно поставувањето на новите фотоволтаични централи за производство на електрична енергија.

Се очекува воведувањето на фотоволтаиците да донесе значителни заштеди во трошоците за електрична енергија и да придонесе кон намалување на јаглеродните емисии во општината.

До сега, на 10 објекти на основни и средни училишта во Битола се поставени сончеви панели. Првата фотоволтаична електрична централа беше поставена кон крајот на 2023 година на објектот на училиштето и градинката во населбата Долно Оризари, а во 2024 година беа поставени уште девет – три на средни и шест на основни училишта.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img