6.8 C
Skopje
3 February, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаВЛЕН: Глас за коалицијата АКИ е глас за Левица

ВЛЕН: Глас за коалицијата АКИ е глас за Левица

- Advertisement -spot_img

Коалицијата ВЛЕН излезе со остра реакција по последните настани во Тетово, нарекувајќи ги случувањата „најсериозен политички скандал на овие избори“. Повод е фотографијата која кружи во медиумите, на која се гледа претставникот на АА-АЛТЕРНАТИВА во Тетово, Арди Исмаили, на средба со кандидатката на Левица, Катка Божиновска.

„Тоа е најјасниот доказ дека оваа коалиција е подготвена да ги продаде сите национални вредности само за да дојде до власт“, стои во соопштението на ВЛЕН.

Во реакцијата се потсетува дека Левица е партија која, според ВЛЕН, „јавноста ја препозна по навредите кон Албанците, ставовите против независно Косово, противењето на членството во НАТО и повиците за затворање на џамии и ограничување на правата на Албанците“.

„А денес, АА-АЛТЕРНАТИВА седнува на иста маса со нив за валкан изборен договор. Ова не е политика, ова е пазар на срам. Ова не е стратегија, туку морално потонување,“ додаваат од коалицијата.

ВЛЕН порача дека на 2 ноември, Албанците во Тетово, Дебар, Струга и во сите општини каде се гласа, ќе знаат дека „гласот за АА-АЛТЕРНАТИВА е глас за Левица, за антиалбанство и за политички срам“.

„ВЛЕН со своите кандидати – Биљал Касами во Тетово и Фисник Мела во Дебар – ја претставува вистинската вредност, развој и достоинство. Албанците не се за продажба и не преговараат со оние кои ги навредиле,“ завршува соопштението.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img