2.8 C
Skopje
3 February, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаИлиевски со порака: Фокус на проекти, крај на етничките поделби во Брвеница

Илиевски со порака: Фокус на проекти, крај на етничките поделби во Брвеница

- Advertisement -spot_img

Градоначалникот на Брвеница, Јовица Илиевски, денеска заедно со премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се сретнаа со граѓаните во пресрет на вториот круг од локалните избори.

Илиевски истакна дека за време на својот мандат, како и со плановите за иднината, фокусот на општината е врз конкретни проекти, без разлика на етничката припадност на жителите. „Улици, патишта, села – сите се рамномерно застапени во општината“, нагласи тој.

Меѓу проектите што ги истакна се изградбата на спортската сала во Челопек вредна 800 илјади евра, детската градинка во Гургурница со инвестиција од над 400 илјади евра, како и камион за собирање отпад.

„Фокусирани сме на проекти и на зближување. Додека се реновираше училиштето во Брвеница, околу 270 ученици секојдневно ги носевме во Челопек и немаше никаков проблем со месното население. Повиците за поделба никому не носат добро“, додаде Илиевски.

Градоначалникот уште еднаш ја повика јавноста на единство и мултиетничко соживување: „Не сме за омраза, не сме за поделба. Ги повикувам сите заедно да покажеме дека Брвеница е и ќе остане мултиетничка средина.“

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img