По вчерашниот неработен ден, претстојниот месец ноември, нема неработни денови. Во декември доаѓа празник кој е прогласен за неработен ден.
До крајот на годинава неработен ден за сите Македонци ќе биде 8 Декември (понеделник), кога се одбележува празникот „Св. Климент Охридски”.
За граѓаните од католична вероисповед нерабони денови ќе бидат 1 ноември (сабота), Празникот на сите светци, и 25 декември (четврток), првиот ден на Божиќ.
За припадните мна албанската заедница во земјава неработен ден ќе биде 22 ноември (сабота), Ден на албанската азбука.
За граѓаните припадници на турската заедницан неработен ден ќе биде 21 декември (недела), Ден на настава на турски јазик.









