Министерката за енергетика и рударство, Сања Божиновска, учествува на Berlin Global Dialogue 2025, еден од највлијателните меѓународни форуми што се одржува во германската престолнина под мотото „Shifting Power, Shaping Prosperity“. Настанот ги обединува светските лидери, министри и визионери кои дебатираат за глобалните економски и енергетски предизвици и можности.

Божиновска утре ќе биде говорник на панел посветен на енергетската трансформација и одржливоста, тема што, како што истакнува, ја дефинира иднината на секоја земја, вклучувајќи ја и Македонија.
„Чест е да се претставува Македонија таму каде што се зборува за иднината на енергијата и глобалниот развој“, порача министерката од Берлин.
Berlin Global Dialogue 2025 претставува централна платформа за меѓународен дијалог за економија, инвестиции и зелена транзиција, на која присуствуваат претставници од владите, бизнис секторот и академската заедница со цел да се креираат политики за одржлива и инклузивна глобална просперитетна иднина.









