Кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, преку својата последна објава испрати силна порака дека фокусот на неговата визија за главниот град е создавање на зелено, еколошко и уредено Скопје.
„Време е градот да биде зелен и еколошки, со многу паркови, зелени површини и средени кејови,“ истакна Ѓорѓиевски, додавајќи дека заложбата за подобра животна средина е меѓу неговите главни приоритети.
Тој порача дека секој жител на Скопје заслужува почист воздух, повеќе зеленило и здрави урбани зони за рекреација и одмор.
„Го имате мојот збор – доаѓа време кога сите ќе живееме подобро. Скопје го правиме заедно,“ нагласи Ѓорѓиевски, потенцирајќи дека вистинскиот напредок може да се постигне само со заедничка работа и визија која ги обединува граѓаните.









