HomeМакедонијаКостовски ја започнува големата градежна офанзива во Љуботен: По 27 години, се...

Костовски ја започнува големата градежна офанзива во Љуботен: По 27 години, се реконструираат сите главни улици!

- Advertisement -spot_img

Градоначалникот на општина Бутел и воедно кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за втор мандат, Дарко Костовски, информираше за започнување на нова фаза на инфраструктурни работи во населбата Љуботен.

„Токму што ја започнавме изградбата на втората главна улица во Љуботен. Ќе реализираме целосна реконструкција на дел од улицата број 3, а само пред неколку дена ја завршивме улицата број 1“, напиша Костовски на својот Фејсбук-профил.

Костовски истакна дека со овие проекти, првпат од 1998 година, се реализира целосна реконструкција на главните улици во Љуботен.

Тој додаде дека паралелно се одвиваат со висок интензитет и работите на водоводната мрежа, со која Љуботен ќе се снабдува со вода за пиење од градскиот систем.

„Нека биде со среќа!“, заврши Костовски, упатувајќи повик до жителите на Љуботен да го поддржат на изборите со заокружување на бројот 9️⃣

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img