2.8 C
Skopje
2 February, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаЃорѓиевски најави 40 капитални проекти за подобро, поурбано и поврзано Скопје

Ѓорѓиевски најави 40 капитални проекти за подобро, поурбано и поврзано Скопје

- Advertisement -spot_img

Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на Скопје, денес ја претстави првата фаза од изградбата на новиот булевар „Хрватска“, проект кој, според него, ќе ја промени сообраќајната слика на источниот дел на градот и ќе донесе олеснување за илјадници граѓани.

„Сите знаеме колку е голем метежот во Автокоманда, особено во утринските и попладневните часови. Со новиот булевар ќе воспоставиме стратешко поврзување меѓу општините Гази Баба, Бутел и Чаир, како дел од внатрешната обиколница на Скопје“, изјави Ѓорѓиевски.

Проектот предвидува модерно и безбедно сообраќајно решение со европски стандарди, а паралелно ќе се реализира и нов водоводен крак кој ќе обезбеди стабилен притисок и подобар квалитет на водоснабдувањето за високата зона на Автокоманда, Железара и околните села.

Ѓорѓиевски посочи дека булеварот „Хрватска“ е дел од најамбициозната програма за патна инфраструктура во историјата на Скопје, која вклучува 40 капитални проекти за подобрување на урбаната и сообраќајната структура на главниот град.

Меѓу другите стратешки проекти се:
• Булевар „Февруарски поход“ со нов мост преку Вардар за поврзување на источниот и западниот дел на градот;
• Продолжување на булеварот „АСНОМ“ и поврзување со „Александар Македонски“ преку мостот „Михаило Апостолски“;
• Деблокирање на клучката „Момин Поток“;
• Продолжување на булеварот „Борис Трајковски“ до Драчево;
• Проширување на булеварот „Александар Македонски“ со трета лента од Сингелиќ до Автокоманда;
• Булевар „Цветан Димов“ со шест коловозни ленти, велосипедски патеки и зеленило;
• Проширување на улицата Даме Груев и изградба на три нови кружни текови, како и подземна сообраќајница под Лимак.

„Со овие проекти градиме поорганизиран, побезбеден и подобро поврзан Скопје, модерен и достоинствен главен град каков што заслужуваат сите негови граѓани. Најдоброто допрва доаѓа“, порача Орце Ѓорѓиевски.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img