2.8 C
Skopje
2 February, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаСпортски развој во Битола – Коњановски најави изградба на спортски центар вреден...

Спортски развој во Битола – Коњановски најави изградба на спортски центар вреден над 40 милиони денари

- Advertisement -spot_img

Кандидатот за градоначалник на Битола, Тони Коњановски, најави дека во градот е во тек изградбата и реконструкцијата на современ Центар за спорт и рекреација, проект кој ќе го промени спортскиот живот на битолчани.

Како што истакна Коњановски, овој проект, познат меѓу граѓаните како поранешната боксерска сала, е поддржан во првиот повик на Владата за капитални инвестиции и веќе се реализира на терен. Новиот објект ќе опфаќа површина од над 1.000 квадратни метри и ќе биде вреден повеќе од 40 милиони денари.

„Изградбата на овој центар претставува инвестиција во спортската иднина на младите. Новата сала ќе им овозможи на нашите боксери современи услови за тренинг, а ќе биде опремена и со карпа за качување за љубителите на авантуристички спортови“, изјави Коњановски.

Тој додаде дека со овој проект се гради иднина во која младите ќе имаат простор за спорт, здрав живот и заедништво. „Од една поранешна руина ќе изникне објект што ќе биде симбол на енергијата, духот и амбицијата на нашиот град“, нагласи Коњановски.

„Вистински избор е да инвестираме во спортот, во младите – тоа е инвестиција во иднината“, порача кандидатот за градоначалник на Битола.

Виеото може да го погледнете тука

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img