HomeСветТројца катарски дипломати загинаа во Египет на пат кон самитот за Газа

Тројца катарски дипломати загинаа во Египет на пат кон самитот за Газа

- Advertisement -spot_img

Според наводите на агенциите, загинатите биле членови на протоколарната служба на катарското Министерство за надворешни работи. Нивниот автомобил се судрил со камион на околу 50 километри од Шарм ел-Шеик, додека патувале кон египетското одморалиште, каде што за утре е закажан меѓународниот самит за прекин на огнот во Појасот Газа.

Хамас изрази сочувство до Катар по повод трагедијата и ги поздрави, како што е наведено, „напорите на Доха во посредувањето за ставање крај на конфликтот во Газа“.

Несреќата се случила во пресрет на спроведувањето на новиот договор за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, кој стапи во сила на 10 октомври напладне по локално време. Договорот е резултат на дипломатските иницијативи на американскиот претседател Доналд Трамп, вклучувајќи го и неговиот мировен план од 20 точки за стабилизирање на регионот.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img