8.8 C
Skopje
30 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeЕкономијаУспешен протестот во „Паркови и зеленило“

Успешен протестот во „Паркови и зеленило“

- Advertisement -spot_img

Вработените од „Флораком“ и „Луна“ фирмите ќерки на Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“, по еднонеделните протести денеска ќе ја добијат августовската плата. 

Претседателот на репрезентативниот синдикат за комунални дејности СУТКОЗ, Стојанче Кашиковски за Телевизија 24 потврди дека на сметката на ЈП Паркови и зеленило префрлена е сума која треба да ги покрие платите на сите вработени. За неисплатениот регрес за годишен одмор пак, од Синдикатот поднеле кривична пријава.

Стојанче Кашиковски, претседател на  репрезентативниот синдикат за комунални дејности СУТКОЗ

– Се очекува во текот на денот вработените да земат плата. Ние имаме поднесено кривична пријава за неисплата на регрес за годишен одмор а за јубилејната награда и за новогодишен додаток за опремнини имаме поденсено пријава до трудов инсепкторат и чекаме да видиме коi ќе бидат решенијата и после тоа или ќе тужиме или пак кривична ќе поднесме. Приоритет е платата а другото практикуваме по судски пат 

Претседателот на независниот синдикат на Државна администрација,  Горан Ристевски на денешната блокада пред „Паркови и зеленило“ рече дека покрај платите вработените очекуваат да им бидат исплатени и сите други надоместоци кои им следуваат. 

Горан Ристевски, претседател на независен синдикат на Државна администрација

– Ние повторно денеска го искажуваме нашето незадоволство со цел да укажеме дека не е само платата. Се буневме за плата, но не е тоа, имаат и други обврски согласно закон и колективни договори. Во таа насока ние и претходно со раководството на ЈП „Паркови и зеленило“ склучивме спогодба со која барем неодложено би се надоместиле тие обврски што ги имаат како јавно претпријатие, односно јубилејна награда, регрес, опремнина итн. Но и тоа не се испочитува. 

Вработените во ЈП „Паркови и зеленило“ и фирмите ќерки „Флораком“ и „Луна“ веќе една недела секојдневно блокираа улици низ Скопје. Веднаш после првата блокада минатата недела, августовски плати добија само вработените од „Паркови и зеленило“.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img