1.8 C
Skopje
31 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаЃорѓиевски: Пензионерите се столб на заедницата, вашата мудрост ја гради татковината

Ѓорѓиевски: Пензионерите се столб на заедницата, вашата мудрост ја гради татковината

- Advertisement -spot_img

Градоначалникот на Општина Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, упати честитка по повод Денот на пензионерите, нагласувајќи дека токму највозрасните генерации се темелот врз кој почива Македонија.

Ѓорѓиевски заедно со вицепремиерот Љупчо Димовски, заменик-министерот Ѓоко Велковски и кандидатката за градоначалничка на Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска, присуствуваше на пригодната прослава организирана од Здружението на пензионери во Кисела Вода и неговите ограноци.

„Секогаш меѓу вас се чувствувам најпријатно, како дома. Секоја мајчинска прегратка и секоја рака стисната од срце ми дава сила и ме потсетува на највозвишеното чувство – благодарноста,“ изјави Ѓорѓиевски.

Тој додаде дека пензионерите со својата пожртвуваност, љубов и труд дале огромен придонес во изградбата на Македонија, а нивната мудрост и искуство се патоказ за идните генерации.

„Вистинската сила е во младите, но мудроста и искуството се во вас. Со најдлабока почит ви се поклонувам,“ порача Ѓорѓиевски, истакнувајќи дека неговата поддршка за пензионерите ќе продолжи и понатаму преку конкретни мерки за олеснување на секојдневието.

Тој потенцираше дека Владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски на дело покажува вистинска грижа и почит кон пензионерите, а истата линија на поддршка ќе се продолжи и во Скопје.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img