1.8 C
Skopje
31 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаМакедонскиот симбол од Мелбурн Престон Лајонс на турнеја во Македонија - закажани...

Македонскиот симбол од Мелбурн Престон Лајонс на турнеја во Македонија – закажани пријателски натпревари со Вардар и Пелистер

- Advertisement -spot_img

Најпопуларниот македонски фудбалски клуб во Австралија, Престон Лајонс, кон крајот на септември ќе ја посети Македонија и ќе одигра две пријателски средби против Вардар и Пелистер.

Првиот натпревар ќе се одигра на 23 септември во Скопје против Вардар, на стадионот „Петар Милошевски“, со почеток од 15:30 часот. Два дена подоцна, на 25 септември, Престон ќе гостува во Битола каде ќе се соочи со Пелистер, исто така со почеток во 15:30 часот.

Екипата е составена претежно од фудбалери со австралиски пасош, а дел од неа е и поранешниот македонски младински репрезентативец Метју Божиновски. Со клубот е поврзан и легендарниот македонски тренер Андон Дончески, кој со децении живее во Австралија.

Престон Лајонс е полупрофесионален клуб од северното предградие на Мелбурн, основан во 1947 година. Во минатото бил познат под името Престон Македонија и се смета за симбол на македонската заедница во Австралија.

Клубот во својата историја има освоено титули во 1980, 1994, 2002 и 2007 година. Во поновата ера тимот бележи континуиран напредок – од НПЛ 3 Викторија во 2022 година, преку промоција во ВПЛ 1 во 2024, до враќањето во најсилната државна конкуренција НПЛ Викторија во 2025 година.

Оваа година Престон доби потврда дека ќе биде еден од основачите на новоформираното натпреварување Australian Championship, кое стартува во октомври 2025 година. Следната цел на клубот е настап во втората австралиска лига, а во иднина и во елитната А-лига.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img