0.8 C
Skopje
19 December, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонија18 кандидати за град скопје, 312 кандидатури за градоначалници, 575 листи за...

18 кандидати за град скопје, 312 кандидатури за градоначалници, 575 листи за советници

- Advertisement -spot_img

Скопје, 14 септември – По завршувањето на рокот за поднесување кандидатски листи за локалните избори 2025 година, до општинските изборни комисии се доставени вкупно 312 кандидатури за градоначалници и 575 листи за советници во општините и Градот Скопје. Во бројката се вклучени и кандидатурите поднесени од политички партии и оние од групи избирачи.

Најголем интерес е забележан во Град Скопје, каде се поднесени 18 кандидатури за градоначалник и 20 листи за членови на Советот на Градот. Во Охрид има 11 кандидати, Прилеп – 10, Струга – 9, Битола 8 кандидати… Најмногу советнички листи освен во Скопје се поднесени и во Битола – 16, Охрид и Штип- 11, Струга, Прилеп, Лозово…- 10…

– Согласно со роковникот за спроведување на изборите, општинските изборни комисии веднаш по приемот на листите доставуваат барања до институциите кои ги поседуваат потребните податоци за проверка на исполнетоста на законските услови, најдоцна до 14 септември. По завршувањето на проверките и евентуалното отстранување на неправилности, потврдените листи треба да се достават до ДИК најдоцна до 20 септември, кога ќе биде утврден и редоследот во единствената листа на кандидати. По завршување на целата процедура, ДИК ќе ги објави сите потврдени листи по општини што ќе учествуваат на претстојните избори, информира денеска ДИК, пренесува, вечер.мк.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img