Вчера околу 14:00 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на бул. „Февруарски Поход“ во Скопје, товарно возило „фиат дукато“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Ј.(53) од Скопје удрило во 18-годишната И.И. од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила И.И., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.







