домаСпорт14-годишниот Зоран Илијоски освои бронза на Балканската олимпијада по информатика

14-годишниот Зоран Илијоски освои бронза на Балканската олимпијада по информатика

- Advertisement -spot_img

Четиринаесетгодишниот Зоран Илијоски од Кичево освои бронзен медал на 19. Јуниорска Балканска Олимпијада по информатика, која од 22 до 28 септември се одржува во Сараево, Босна и Херцеговина.

Илијоски настапи како дел од јуниорската репрезентација на Македонија, во конкуренција на 55 натпреварувачи од 13 земји. Освојувањето на медалот претставува уште еден значаен меѓународен успех за младиот информатичар од Кичево.

За Илијоски ова е трет интернационален медал за македонската репрезентација во текот на оваа година. Претходно освои бронзен медал на Јуниорската Балканска математичка олимпијада во Бузау, Романија, како и бронзен медал на Европската јуниорска олимпијада по информатика во Каунас, Литванија.

Неговите резултати се продолжение на успешната година во која Илијоски настапува на меѓународни натпревари од областа на математиката и информатиката.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img