5.8 C
Skopje
1 February, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаОтчетот на градоначалникот Коњановски: Битола чекори напред со стотици реализирани проекти

Отчетот на градоначалникот Коњановски: Битола чекори напред со стотици реализирани проекти

- Advertisement -spot_img

Битола, 4 септември 2025 – Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, го претстави отчетот за периодот 2021–2025 година, во кој на повеќе од сто страници се сумирани резултатите од работењето на локалната самоуправа.

Во извештајот се нагласува дека со одговорност, транспарентност и посветеност се реализирани стотици капитални и локални проекти, насочени кон подобрување на инфраструктурата, образованието, културата, спортот и социјалната заштита.

Меѓу поважните инвестиции се осветлувањето на Широк Сокак, изградбата на влезовите во градот од Охрид и Скопје, нови велосипедски патеки, нов парк во Нова Битола, поставување фотоволтаици во десет училишта, изградба на нови детски градинки, реконструкција и изградба на над 50 километри улици и патишта, урбано зазеленување, како и бројни спортски и рекреативни содржини.

Во извештајот се потенцира дека Општина Битола добила 707 милиони денари од Владата за реализација на 65 нови проекти, од кои 14 од 16 се веќе започнати. Со тоа, според Коњановски, се потврдува насоката кон одржлив развој и европски стандарди во функционирањето на општината.

„Овој отчет е доказ дека визијата, преку стратешко планирање и упорна работа, може да се претвори во конкретни дела. Битола чекори напред со проекти кои оставаат траен белег за идните генерации,“ изјави градоначалникот Коњановски.

Целиот отчет е достапен на официјалната веб-страница на Општина Битола (линк).

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img