5.8 C
Skopje
3 February, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаВЛЕН: Железнички коридор 8 ќе го поврзе Скопје со Албанија и Европа

ВЛЕН: Железнички коридор 8 ќе го поврзе Скопје со Албанија и Европа

- Advertisement -spot_img

Владата предводена од ВЛЕН преку Министерството за транспорт и врски покажува историска решителност за понатамошната изградба на Железничкиот Коридор 8, отворајќи ново поглавје за економски развој и регионална интеграција.

Со одлука на Владата е одобрен грант во износ од 3,7 милиони евра обезбеден од Европската инвестициска банка, кој ќе биде наменет за изработка на нова проектна документација и спроведување на постапката за тендер. Паралелно, Јавното претпријатие за железничка инфраструктура ја започна постапката за избор на Надзор на градбата, со цел да се гарантира ефикасност и транспарентност во секој чекор.

Заменик-министерката за транспорт, Калтрина Зеколи Шаќири, потенцира дека Министерството е целосно посветено на унапредување на железничките проекти како клучна алка за економски раст, регионална соработка и национална интеграција.

,,Изградбата и модернизацијата на железничката мрежа не е само приоритет, туку и реалност што веќе се остварува. Коридорот 8 ќе ги поврзе Албанците од Скопје до Тирана и Драч, ставајќи ја нашата држава во центарот на европските транспортни коридори и отворајќи нови перспективи за Балканот“, порачаа од ВЛЕН.

Коридорот 8 се гледа како стратешка транспортна артерија, која не претставува само линии на карта, туку вистински мотор за развој, конкурентна економија и современи стандарди во транспортот, со кои земјата ќе стане силно поврзана со Албанија и Европа.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img