домаМакедонијаСредба на Орце Ѓорѓиевски со таксистите за условите на работа и стојалиштата...

Средба на Орце Ѓорѓиевски со таксистите за условите на работа и стојалиштата во Скопје

- Advertisement -spot_img

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оствари средба со претседателот на Асоцијацијата на авто-такси превозници од Скопје, Абдула Рушити, како и со други претставници на асоцијацијата.

На средбата беа разгледани проблемите и предизвиците со кои се соочуваат такси возачите, а од дискусијата произлегоа конструктивни и применливи предлози кои ќе бидат дел од програмата на Ѓорѓиевски.

Меѓу клучните барања се уредени, брендирани и унифицирани такси-стојалишта, справување со дивите таксисти и создавање фер услови за работа. Ѓорѓиевски истакна дека по победата на локалните избори, такси возачите ќе имаат партнер во решавањето на овие прашања, со цел Скопје да стане град каде секој граѓанин и возач се чувствува ценето, безбедно и рамноправно.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img