6.8 C
Skopje
31 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаONE Македонија – Единствен кандидат за трет оператор во мобилните комуникации

ONE Македонија – Единствен кандидат за трет оператор во мобилните комуникации

- Advertisement -spot_img

На тендерот на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) за доделување одобрение за нов мобилен оператор, единствена понуда достави компанијата „Оне Македонија телекомуникации“, која е во сопственост на унгарската фирма „Фор-ај-џи“

На денешното отворање на понудите во АЕК, Комисијата за спроведување на тендерот констатираше дека компанијата доставила целосна документација. „Постапката ќе продолжи согласно законот. Следува евалуација на документацијата, по што ќе се изготви извештај“, изјави претседателот на Комисијата, Игор Бојаџиев.

Поради локалните избори, конечната одлука за избор на новиот оператор ќе биде донесена по завршување на изборниот процес. Иако документација за учество подигнале три компании, на крај понуда достави само една.

Според условите од тендерот, новиот мобилен оператор треба да започне со работа на крајот на 2026 година, а неговиот влез на пазарот се очекува да ја зголеми конкуренцијата и да понуди нови сервиси за граѓаните.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img