1.8 C
Skopje
31 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаМеџити: Трансформацијата на улицата Цветан Димов во булевар е апсолутен приоритет

Меџити: Трансформацијата на улицата Цветан Димов во булевар е апсолутен приоритет

- Advertisement -spot_img

Кандидатот за градоначалникот на Чаир и актуелен министер за Животна средина и просторно планирање во Владата на Република Македонија Иџет Меџити, најави дека трансформацијата на улицата „Цветан Димов“ во модерен булевар останува врвен приоритет уште од првиот ден на неговиот мандат.

Денес тој, заедно со претседателот на ЗЕЛС и кандидат за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, ја посети локацијата каде е планирана изградбата на булеварот. Проектот е во фаза на планирање, а Меџити вети дека во блиска соработка со идното градско раководство ќе се работи на неговата реализација.

Булевар со зеленило, пешачки и велосипедски патекиСпоред најавите, булеварот „Цветан Димов“ ќе се прошири и уреди со современи содржини – широки тротоари, велосипедски патеки, модерно улично осветлување и зелени површини. Овој инфраструктурен зафат треба да стане една од главните сообраќајни артерии за целиот град.Нов урбанистички мастерплан за Чаир.

Меџити објави дека во соработка со познати архитекти од земјата и странство се изработува нов мастерплан за урбаниот развој на општина Чаир, во кој булеварот „Цветан Димов“ ќе има централна улога.Инвестиции од 65 милиони евраВо последните десет месеци, преку поддршка од Владата, општината обезбедила средства за повеќе инфраструктурни проекти во Чаир во вкупна вредност од 65 милиони евра.

Меѓу нив се издвојуваат големи капитални инвестиции како изградбата на подземен паркинг на плоштадот „Скендербег“ и кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза“.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img