Кај малолетник од Скопје полицијата пронашла дрога, пиштол и куршуми.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против 16-годишник од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „недозволено изработување ,држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
На 07.05.2025 во Скопје, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана, кокаин, пиштол и куршуми, информираа од полицијата.







