Малиот интерес за откуп и ниската цена на пченицата оваа година, како и зголемените трошоци, за ѓубрива и нафта, ги принуди дел од земјоделците да ги намалат површините, кои биле планирани да бидат посеани со пченица. Младиот Даниел Петровски од новаци, оваа есен повеќе од половина од нивните површини наместо со пченица, ги посеаја со други култури, а дел оставија и празни
Проблем е и тоа што дел од годинешната реколта, чекајќи повисока цена, им остана во складилиштата. Ако државата и министерство не преземат конкретни чекори, од земјоделска, ќе станеме увозно зависна земја. Од година во година засеаните површини се намалуваат – велат земјоделците.
И оваа есен најголемиот дел од околу 12 илјади хектари се предвидени за стратешката култура пченицата, веднаш по нејзе јачменот со 2.700 хектари. Од подрачната единица на Министерството за земјоделство Битола, очекуваат дека сеидбениот план ќе си исполни во целост.
Од подрачната единица за земјоделство информираат сеидбениот план и оваа година е сличен како и ланската, планирано е да се посеат околу 15 илјади хектари, од нив до сега посеани се 40 проценти.
3.853 земјоделци од Битола ги добија картичките за зелена нафта, но нејзината висока цена, ја намали нивната вредност-зелената нафта да се пресметува во литри, бараат земјоделците. Неисплатените субвенции и натаму дел од проблемите.






