1.8 C
Skopje
21 December, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeСпортПМФЛ 1.коло (денеска): Брера на тешко гостување во Кратово!

ПМФЛ 1.коло (денеска): Брера на тешко гостување во Кратово!

- Advertisement -spot_img

Денеска со мечот Силекс – Брера (17:30 ч), се затвора првото коло во новата сезона 2025/26. Почнавме во петокот со Тетово и Арената во Скопје, еве денеска ќе завршиме со Кратово. И ова се покажа како вистински погодок. Се виде дека ова е одличен потег на раководството на ФФМ, да се играат по еден или два меча од ПМФЛ на ден, со се цел да ги има сите на ТВ и сите да бидат проследени со должно внимание од фудбалската јавност во Македонија.

Нема дилеми дека Силекс е голем фаворит денеска. Кратовци имаат подобар и поискусен тим и се освен победа на домашниот состав ќе биде голема сензација.

Од друга страна струмичани немаат намера однапред да се предадат. Со нивната младост и желба за докажување и тоа како ќе му ја отежнат работата на домашниот тим кој најавува и битка за самиот врв оваа сезона во нашата фудбалска елитна лига.

По одиграни пет средби од 1.коло во ПМФЛ да ја видиме и моменталната табела која ќе се комплетира попладне некаде околу 19.30 часот откако ќе заврши денешниот меч во Кратово:

ТАБЕЛА

Шкендија 3, Вардар 3, Струга ТЛ 3, Арсими 1, Башкими 1, Работнички 1, Тиквеш 1, Македонија ЃП 0, Пелистер 0, Шкупи 0, Силекс (-1) 0, Брера (-1) 0.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img