домаХроникаСопругата починала на психијатрија по три обиди за самоубиство, татко му починал...

Сопругата починала на психијатрија по три обиди за самоубиство, татко му починал со модрици – нови детали за убиецот од Штип

- Advertisement -spot_img

Според информациите кои ги пренесува ТВ Стар, синоќа во Штип, 53-годишниот поранешен угостител С.З. ја убил својата мајка, со што ја завршил низата трагедии кои го обележале неговото семејство.

С.З., некогаш познат угостител, ја изгубил својата кафеана и куќа откако се оддал на алкохол и коцка. Тоа довело до семејно насилство, чија најголема жртва била неговата сопруга. Таа, по три обиди за самоубиство, починала во психијатриска установа.

По оваа трагедија, С.З. продолжил со насилно однесување, чии жртви биле неговите родители. Според сведоци, тие биле постојано малтретирани, а полицијата често интервенирала. Сепак, родителите постојано ги повлекувале пријавите, надевајќи се на подобрување.

Приказната добива уште потемни димензии со смртта на таткото, кој починал со модрици, што се поврзува со насилството од синот. Синоќешното убиство на мајката со нож ја заокружило семејната трагедија.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img