Легендата на македонскиот фудбал и на фудбалскиот клуб Вардар, Андон Дончевски, е прогласен за почесен претседател на „црвено-црните“. Ова големо признание за првиот селектор на фудбалската репрезентација на Македонија доаѓа на предлог на неизвршниот директор на Вардар, Мартин Гелев, а раководството на клубот едногласно ја донесе одлуката.
„На редовната седница на Одборот на директори на АД ФК Вардар одржана на 07.08.2025-та, едногласно беше прифатен предлогот на неизвршниот директор Мартин Гелев, легенда на Македонскиот фудбал и на Вардар, АНДОН ДОНЧЕВСКИ да биде прогласен за ПОЧЕСЕН ПРЕТСЕДАТЕЛ на клубот. Нека е честито и за многу години.“ – велат од ФК Вардар.









