Наградниот фонд е зголемен за 20% во споредба со минатогодишниот турнир. Шампионите во поединечна конкуренција ќе заработат по 5 милиони долари, или 39% повеќе од минатата година.
Поразените во финалето во поединечна конкуренција ќе добијат по 2,5 милиони долари. Играчите што ќе изгубат во првото коло на УС опен ќе добијат по 110.000 долари.
Отвореното првенство на САД ќе се одржи во Њујорк од 24 август до 7 септември.









