8.8 C
Skopje
30 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаДУИ: Алармантна нееднаквост во вработувањата во Министерството за одбрана – само еден...

ДУИ: Алармантна нееднаквост во вработувањата во Министерството за одбрана – само еден Албанец од 74 нововработени

- Advertisement -spot_img

Демократската Унија за Интеграција (ДУИ) остро реагира на последниот процес на вработување во Армијата и Министерството за одбрана на Република Северна Македонија, оценувајќи го како систематско исклучување на Албанците и другите немнозински заедници од безбедносните институции.

Според податоците изнесени од партијата, од вкупно 74 нововработени лица:

71 се Македонци,
2 се припадници на ромската заедница,
само 1 е Албанец,
нема ниту еден претставник од останатите етнички заедници.
„Ова не е само неправда, туку реализирање на систематски план за исклучување на Албанците и другите немнозински заедници од државните институции, особено од безбедносниот сектор“, стои во реакцијата на ДУИ. Партијата посочува дека овој тренд е во спротивност со Уставот, како и со принципите на правична и соодветна застапеност, кои се дел од правниот поредок на државата.

ДУИ потсетува и на неодамнешниот случај со, како што го нарекува, „неоправдано деградирање“ на единствениот албански генерал кој, според нив, ги исполнувал сите услови да го води Генералштабот на Армијата. „Систематското исклучување продолжува, сега и во институционализирана форма“, наведуваат од партијата.

Според ДУИ, овој чин претставува директен напад врз духот на Охридскиот рамковен договор, врз уставниот поредок и врз мултиетничкиот карактер на државата. Партијата поставува отворени прашања до институциите:

Каде е правичната и соодветна застапеност?
Каде е уставно загарантираната еднаквост?
Зошто Албанците систематски се исклучуваат од клучните државни институции?
ДУИ најави дека нема да остане пасивна пред, како што ја нарекува, оваа „институционална дискриминација“, и бара:

Итна истрага за спроведениот конкурс,
Преземање одговорност од надлежните функционери во Министерството за одбрана,
Бескомпромисна примена на начелото на правична и соодветна застапеност во сите државни институции, вклучувајќи ги и безбедносните.
„Државата не може да се гради врз основа на исклучување. Без сите заедници, државата не може да функционира. Ова е реалност што мора да се прифати – во спротивно, последиците ќе го загрозат самото општествено единство “, заклучуваат од ДУИ.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img