домаХроника70-годишен возач удрил во бандера, тешко повредени две деца

70-годишен возач удрил во бандера, тешко повредени две деца

- Advertisement -spot_img

Двајца малолетници со тешки повреди се пренесени во болница, откако 70-годишен возач со автомобил удрил во бандера.

Според информациите на СВР – Охрид, вчера во 16:20 часот, на автопатскиот патен потег Охрид-Подмолје, кај клучката „Св. Еразмо“, патнички автомобил „Опел“ со струшки регистарски ознаки, управуван од С.М.(70) од струшкото село Подгорци, излетал надвор од коловозот и удрил во метален електричен столб.

Возачот, како и две малолетни лица на 14 и 16 годишна возраст од селото Подгорци, се префрлени во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид каде им биле констатирани тешки телесни повреди.

По наредба на јавен обвинител, увид на местото на незгодата, извршија полициски екипи.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img