10 јуни, основците може да здивнат, заврши учебната 2025/2026 та година. Летниот распуст ќе трае до 31 август. Утре пак матурантите ќе полагаат државна матура – повеќе од 14 500 ученици ќе го полагаат задолжителниот екстерен испит – мајчин јазик, македонски, албански, турски или српски…
Кандидатите за државна стручна и за државна уметничка матура ќе полагаат на 12 јуни. Денска во училишните доворви на основните училишта беше еуфорично и забавно. Основците со зурли и тапани ја испратија школската година а го пречекаа летниот распуст.








