Откако пропадна последната постапка за набавка на 150 електрични автобуси, Град Скопје соопшти дека во рок од една недела ќе се распише тендер за набавка на нови автобуси.
На почетокот на 2026 година Владата објави дека обезбедила кредит преку меѓувладиниот договор со Унгарија кој ќе се потроши за набавка на 150 електрични автобуси за Скопје и останатите градови. Условите на кредитот се годишна каматна стапка од 3,25%, грејс-период од 3 години и рок на отплата од 12 години.
Два месеци подоцна Министерството за транспорт и врски распиша тендер на кој се јавија неколку фирми, но очекувано или неочекувано изборот падна на унгарски „Икарус“. Веста за изборот на фирма која ќе ги испорача електричните автобуси стигна една недела по падот на Виктор Орбан од власта во Унгарија.
Понудата на унгарската компанија „Електробус- Икарус” и на австриската „ЕВН“ беше избрана за најповолен понудувач на јавниот повик за набавка на 150 електрични еколошки автобуси и 75 станици за полнење на електричните автобуси.
Тие понудиле најниска цена од 19.350.000 денари или околу 314 илјади евра по автобус што е конкурентна цена на пазарот на електрични автобуси.
Но, две недели по изборот на фирмата, Министерството за транспорт го поништи тендерот по одлука на Државната комисија по жалби за јавни набавки. Од Министерството за транспорт соопштија дека постапката ќе биде повторно објавена во најкус можен рок, во согласност со законските процедури. Според објавените информации, на претходниот повик имало повеќе понуди, но постапката не заврши со договор за набавка.
Откако пропадна последната постапка за набавка на 150 електрични автобуси, Град Скопје соопшти дека во рок од една недела ќе се распише тендер за набавка на нови автобуси за јавниот превоз на кој „Икарус“ ќе има повторно можност да конкурира со своја понуда.








