Ќе биде ли луксуз месото за новогодишните и божиќни празници. На нешто помалку од месец дена пред Нова Година и Божиќ, граѓаните во Штип децидни месо ќе се купува по малку, бидејќи толку дозволуваат можностите. Дел од нив уште сега купуваат за да си олеснат за празцните, друг дел велат ќе купат колку за адет. Пред се и овие празници ќе се купува свинско месо, бидејќи неговата цена е далку поприфатлива за граѓаните, споредбено со телешкото месо. Со сегашните цени, не само на месото туку и на останатите производи, празничните трпези не се ниту приближно исти на оние од пред неколку години.
Телешкото месо во месарниците достигнува цена и до 800 денари за килограм, што е недозволиво за најголем дел од граѓаните. Со попристапна цена за нив е свинското месо чија моментално цена се движи околу 300 до 400 денари по килограм, а во игра е и пилешкото месо.
Одгледувачите на свињи засега не најавуваат ново покачување на цената на свинското месо иако велат неисплатливо е и за нив жива мера да се продава по цена од 115 денари за килограм.








