домаМакедонијаЉупчо Пецов – Ѓаволот доби условна двегодишна казна, 8 илјади евра парична...

Љупчо Пецов – Ѓаволот доби условна двегодишна казна, 8 илјади евра парична казна и 10 години забрана за работа

- Advertisement -spot_img

Љупчо Пецов Ѓаволот откако за случајот „Синџир“ беше во бегство и кон крајот на минатата година се предаде на органите на прогонот денеска е осуден на условна казна затвор од две години врз основа на признание на вина пред точно еден месец. Двегодишната казна затвор нема да се реализира ако тој во следните пет години не стори ново кривично дело. Изречена му е парична казна од 8 000 евра и забрана за вршење на дејност односно да управува, раководи или располага со имот на правно лице во траење од десет години. Фирмата на Пецов беше наведена како клучна алка за лажни фактури со тоа намалување на даночен долг на поврзани компании.

Кривичен суд-Скопје: „Обвинетиот правно лице, ДУТУД А.К.А.П. ДООЕЛ кое е во стечај му се изрекува парична казна во износ од 1.000.000 денари, а воедно му се изрекуваат и спорни казни – Забрана за добивање дозвола, лиценца и концесија утврдени со посебен закон, Забрана за учество во постапка за јавен повик и Забрана за основање нови правни лица сите во траење од 5 години. Судот при определување на казната на овој обвинет, ја имаше во предвид и обврската за обезбедување процесна избалансираност во однос на останатите обвинетите во овој комплексен кривично – правен случај кои исто така ја признаа вината, ја надоместиле паричната штета и во раздвоените постапки им било изречена исто така алтернативна мерка.“

Минатата година по акцијата на ОЈОГОКК беше уапсен адвокатот на Љупчо Пецов, поранешниот државен правобранител Фехми Стафа. Пецов е еден од обвинетите за финансиски криминал за случајот „Синџир“, кој се отвори пред две години, а беа опфатени 26 лица, сопственици и управители на 28 фирми. Според надлежните, тие преку издавање фактури со ДДВ за наводно извршени набавки, кои не постоеле и го оштетиле државниот буџет за околу 8 милиони евра. Ѓаволот беше во бегство но се предаде по што му беше одреден куќен притвор поради нарушено здравје.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img