домаСпортЈашар: Оваа Брегалница има хемија, допрва ќе го покаже својот квалитет

Јашар: Оваа Брегалница има хемија, допрва ќе го покаже својот квалитет

- Advertisement -spot_img

Во пресрет на петочиот натпревар од петтото коло во ПМФЛ, со екипата на Струга, голманот на Брегалница Амир Јашар, најавува уште подобра Брегалница во следните натпревари.

“Фудбалот е тимска игра, а јас од првиот ден во Брегалница се чувствувам како дел од едно големо семејство. Пред сè, сакам да му се заблагодарам на клубот што ме прими со раширени раце. Се чувствувам одлично и имам голема поддршка и доверба од управата, стручниот штаб и соиграчите. Ние сме семејство кое на теренот покажува што значи да се гине еден за друг. Имаме одлична хемија во клубот, меѓусебно разбирање и поддршка, а чувствуваме и огромна поддршка од градот Штип и од нашите навивачи. Брегалница допрва ќе покаже каков квалитет поседува. Со голема почит кон секој противник, но и со сериозност и карактер на теренот, одиме во Струга по првите бодови на гостински терен.” – изјави Јашар за клупскиот сајт.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img