Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, денеска ќе го одигра најважниот меч во својата кариера во квалификациите за Вимблдон, со шанса да се најде на чекор до историски настап во главната жрепка на најпрестижниот гренслем турнир во светот.
По две сигурни победи во квалификацискиот дел, Ѓорческа е само на еден чекор од успех што би претставувал пресвртница за македонскиот женски тенис. Противничка во финалната рунда е италијанската тенисерка Лучија Бронцети, која е високо рангирана на ВТА-листата и влегува во дуелот како фаворит.
Дуелот меѓу Ѓорческа и Бронцети е закажан за 13:30 часот. Една победа ја дели Лина од историја и прв македонски сингл настап на гренслем турнир.








