Home » Државниот врв со јасно дефиниран став за европскиот предлог, опозицијата не го прифаќа

Државниот врв со јасно дефиниран став за европскиот предлог, опозицијата не го прифаќа

by Журнал.мк

По Владата и претседателот на државата Стево Пендаровски вчера излезе со позитивен став во врска со европскиот предлог за симнување на бугарското вето за почеток на преговори на земјата со ЕУ. Во врска со предлогот по состанокот на Советот за безбедност, премиерот Димитар Ковачевски имаше средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој искажа дека тој за нив е неприфатлив.

Консултациите на владините претставници во Скопје продолжуваат и денеска. Премиерот Ковачевски вчера најави средба со лидерот на Алијанса на Албанците Зијадин Села.

-Остана за консултација уште дел, јас утрово имав телефонски разговор со Зијадин Села, најверојатно утре ќе се видиме со вицепремиерот за европски прашања да му биде претставен, објаснет во сите делови, изјави вчера Ковачевски по средбата со Мицкоски.

Во однос на консултациите со Собранието, премиерот рече дека дискусијата во Собранието ќе се одвива во согласност со собраниските процедури, бидејќи како што рече, „Владата не може да наложува на кој начин ќе се води расправата“.

Исто така се очекува, според најавaта на министерот за надвореши работи Бујар Османи од брифингот со новинарите во саботата тој денеска да има онлајн средба со неговата бугарска колешка Генчовска.

По состанокот на Советот за безбедност изјава имаше претседателот на државата Стево Пендаровски.

-Модификуваниот француски предлог е транзиционен компромис за една од фазите на европските интеграции, во која три елементи се битни и затоа предлогот во овој формат е прифатлив, изјави Пендаровски по седницата на Советот за безбедност.

За Мицкоски и за ВМРО-ДПМНЕ овие два документи се неприфатливи.

-Ниту за мене лично, ниту пак за ВМРО-ДПМНЕ, овие два документи вакви какви што се се прифатливи. Му понудив на Ковачевски да излезе и да го одбие ова коешто е доставено како предлог, а јас да се повлечам од барање за предвремени парламентарни избори. И трета работа, му понудив, ако толку верува дека е обезбеден идентитет, тогаш најпрвин во делот од заклучоците од првата меѓувладина да бидат избришани членот 11 и членот 14, рече тој по средбата.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More