Кандидатот за градоначалник на Општина Брвеница, Јовица Илиевски, одржа средба со жителите на селото Седларце, каде што беше пречекан со широка поддршка. Тој истакна дека довербата што ја добива од народот претставува обврска и мотивација за уште посериозна работа.
„Поддршката од народот е наш најголем мотив и обврска за посветена работа. Таа ни дава енергија и сила да ја реализираме визијата за модерна, просперитетна и обединета општина Брвеница,“ изјави Илиевски.
Тој потенцираше дека директните средби со граѓаните ќе продолжат со ист интензитет и решителност.
„Ќе продолжиме со иста посветеност, преку директни средби со граѓаните на терен. Нека нашата заедничка народна победа биде потврда за успехот, единството и континуитетот на трансформацијата што ја започнавме заедно,“ додаде тој.
Илиевски нагласи дека поддршката од жителите е гаранција за продолжување на развојните проекти и реализацијата на ветувањата во општината.
https://www.facebook.com/share/p/17PVQFf4ti/






