0.8 C
Skopje
15 November, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаЃорѓиевски со ветување за нови инфраструктурни проекти во Ѓорче Петров – најавен...

Ѓорѓиевски со ветување за нови инфраструктурни проекти во Ѓорче Петров – најавен кружен тек и реконструкција на улици

- Advertisement -spot_img

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави низа капитални проекти кои ќе ја трансформираат инфраструктурата во општина Ѓорче Петров и ќе го подобрат квалитетот на животот на граѓаните.

Главниот проект е изградбата на модерен кружен тек на крстосницата меѓу улицата „Ѓорче Петров“ и булеварот „Македонска војска“. Според Ѓорѓиевски, овој кружен тек ќе ја зголеми безбедноста, ќе го растовари сообраќајот и ќе ја подобри мобилноста во западниот дел на градот.

Дополнително, кандидатот најави реконструкција на улица „101“ во Волково, изградба на улиците „Веле Марков“ и „Шарпланинска“, како и поврзување на улицата „Лука Геров“. Овие проекти, според него, ќе овозможат подобра сообраќајна поврзаност, економски развој и подобар јавен превоз за населението.

Ѓорѓиевски посочи и решение за долгогодишниот проблем со водоснабдувањето во општината – изградба на нов резервоар и пумпна станица на Оризарски рид, што ќе обезбеди стабилен притисок на водоводната мрежа и сигурно снабдување со вода за сегашните и идните генерации.

Во рамки на програмата е предвидена и изградба на нов современ објект за средното училиште „Кочо Рацин“, во соработка со Владата, кој ќе ги следи европските стандарди за образование.

„Овие проекти не се само ветувања. Тие се наша обврска и визија – Скопје да стане град со модерен сообраќај, сигурна инфраструктура и еднаков пристап до квалитетен живот за сите граѓани“, истакна Ѓорѓиевски.

Тој нагласи дека со реализирање на овие проекти Ѓорче Петров ќе стане пример за тоа како внимателно планирани и капитални вложувања можат да го подобрат секојдневното живеење и мобилноста на граѓаните.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img