Во сабота вечерта и дефинитивно ракометен спектакл покрај Охридското езеро. Во салата “Билјанини Извори“ се игра реваншот од полуфиналето во ЕХФ Европскиот Куп меѓу македонскиот тим ГРК Охрид и Целје. На првиот меч беше 27:26 за Целје, па во реваншот се очекува победа на четата на стратегот Ројевиќ и со тоа да се избори пласман во големото финале. Ракометарите на ГРК Охрид целосно се фокусирани кон саботниот меч кој е закажан за 19 часот, веруваат во себе, но истакнуваат дека нема да биде лесно.
Во пресрет на саботниот историски меч за нашиот европски претставник, свој коментар има Томислав Јагуриноски:
“Ова европско полуфинале има големо значење за Охрид. Целје има одличен тим, но ние играме на домашен терен и ќе го дадеме максимумот“.
Секако дека ракометна Македонија очекува победа на ГРК Охрид и пласман во големото финале во ЕХФ Европскиот Куп.








