7.8 C
Skopje
6 February, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаЗНАМ: Димитриевски се докажал во бизнисот и политиката и не оди на...

ЗНАМ: Димитриевски се докажал во бизнисот и политиката и не оди на журки во Дубаи

- Advertisement -spot_img

Според Движењето ЗНАМ, обвинувањата што СДСМ ги упатува кон претседателот на партијата, Максим Димитриевски се, како што велат, класична политичка манипулација и замајување на јавноста. Оттаму порачуваат дека нападите на СДСМ се неосновани, тенденциозни и целосно без докази.

-Оваа партија во изумирање наместо со аргументи и факти повторно настапува со навреди, конструкции и популистички флоскули, обидувајќи се да ја дефокусира јавноста од сопствениот политички и економски дебакл. Максим Димитриевски никогаш не криел дека има лична и професионална кариера надвор од политиката. За разлика од кадрите на СДСМ кои со години егзистираат исклучиво од државни функции, Димитриевски е човек кој се докажал и во бизнисот и во политиката и покажал дека има став и интегритет.

Максим Димитриевски, за разлика од претседателот на СДСМ, Венко Филипче, е човек и политичар без ниту еден корупциски скандал зад себе. Димитриевски никогаш не бил дел од корупциски афери и криминални набавки на вакцини и скандали за изградба на болници. За разлика од двоецот Заев-Филипче кој ги троши народните пари по луксузни јахти низ светот, тој не поседува „златни визи“ и не оди на журки во Дубаи, порачуваат од ЗНАМ.

Партијата оценува дека наводите за „луксуз“, „тендерска коалиција“ и наводно расипничко трошење се чиста клевета.

-Истата таа партија што денес морализира, ја задолжи државата со милијарди евра, симболичен економски раст и зад себе остави бројни корупциски афери без одговорност. Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија сака да потенцира дека сите јавни набавки и финансиски постапки поврзани со институциите се законски, транспарентни и под надзор на надлежните органи. ЗНАМ останува доследен на принципите на отчетност, одговорно управување и крај на партиските монополи. Политиката за нас не е приватен бизнис, туку јавна одговорност во интерес на граѓаните. Граѓаните многу добро знаат кој ја донесе државата во економска и институционална криза, а кој нуди нов и поинаков политички пристап, стои во партиското соопштение.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img