15.8 C
Skopje
9 November, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаЗНАМ детално објави кои им се проектите за Куманово, кој од нив...

ЗНАМ детално објави кои им се проектите за Куманово, кој од нив е најважен за вас

- Advertisement -spot_img

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, денеска пред медиумите го промовираше делот од програмата посветен на транспаретното и отчетно работење на општината и вистински квалитетен сервис за граѓаните. Општина Куманово веќе е препознаена по висока транспарентност и отчетност.

Во изминатите осум години ја зголемивме транспарентноста повеќе од двојно, и со резултат од 97.1% денес се наоѓаме меѓу најтранспарентните општини во државата, изјави кандидатот за советник од редоовите на Движењето ЗНАМ – Дарко Митевски.

Општината, рече тој, ќе продолжи да вложува во јакнење на административните капацитети и приближување до граѓаните. Куманово ќе остане пример за правилно управување со јавните ресурси, за чесно, посветено, отчетно и транспарентно работење.

Во програмата на Движењето ЗНАМ – за наша Македонија предвидуваме серија проекти, активности, и заложби:

· Континуирана оптимизација на општинските сектори и одделенија во насока на подобар, поквалитетен и побрз сервис за граѓаните.

· Зајакнување на капацитетите на сите јавни претпријатија со фокус на доопремување со опрема и механизација, зголемување на кадровскиот капацитет, воведување на нови технологии и програми за обуки и доусовршување.

· Зајакнување на капацитетите на ТППЕ Куманово, со опрема, обуки и тренинг за пожарникарите.

· Дигитализација на најкористените општински услуги и нивно интегрирање на националниот портал за услуги.

· Електронски документ менаџмент систем за локалната самоуправа и јавните претпријатија.

· Воспоставување инфо-центар и инфо-линија во рамките на Општината, каде што граѓаните на едно место ќе можат да добиваат информации и услуги од административните службеници.

· Изработка на нова инклузивна веб-страница на Општината, приспособена за лица со попреченост, со јасен пристап до сите информации од јавен интерес.

· Развивање на нова мобилна и веб-апликација преку која граѓаните ќе имаат можност лесно да пријават проблеми, предлози и барања.

· Организирање на младински форуми и панел дискусии, каде младите ќе имаат можност активно да ги претстават своите идеи, ставови и иницијативи.

· Воспоставување нов систем за информирање во руралните средини преку поставување огласни табли и јавно достапни известувања.

· Одржување на јавни средби и форуми за граѓаните, за подобра интеракција и двонасочна комуникација.

· Навремено и редовно информирање на јавноста преку соопштенија и брифинзи со медиумите за сите значајни активности и одлуки на локално ниво.

· Издавање на дигитален општински весник, со информации за проектите, активностите и сите актуелни настани во општината.

Затоа, потенцира Митевски со полна одговорност може да се каже – Куманово денес е симбол на одговорно, отчетно и транспарентно управување. Општина што ги слуша граѓаните, ги почитува нивните потреби и ги вградува нивните идеи во секој проект

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img