Вчера и синоќа повеќе делови од државата беа зафатени со обилни дождови, што придонесе за зголемување на водостојот на реките и нивно излевање и поплави.
Најризично можеби беше во Кичево, каде што беа евакуирани 60 луѓе.
За денеска, Управа за хидрометеоролошки работи (УХМР) објави „Жолто ниво“ за предупредување од поплави, односно постои потенцијална опасност од локално излевање на реките и суводолиците.
На картата која што ја објавија, може да се забележи дека под потенцијална опасност се наоѓаат две третини од Македонија, или поточно, безбедни се деловите од Источна и Југо-Источна Македонија.









