Вечерва во 19:50 часот регистриран е земјотрес со епицентар во соседна Грција, на околу 100 километри југоисточно од Скопје, информираат од Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија.
Потресот е измерен на сеизмолошките станици кои ги инсталира и одржува оваа институција, при што е утврдена локална Рихтерова магнитуда од 3.7 степени.
„Земјотресот е почувствуван во Охрид и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала“, наведуваат од Сеизмолошката опсерваторија.
Точната локација на епицентарот е помеѓу Костур и Преспа со јачина од 3,7 степени според Европската макросеизмичка скала на 5км длабочина.









