домаСветЗеленски: Украина е подготвена за технички преговори со САД и Русија

Зеленски: Украина е подготвена за технички преговори со САД и Русија

- Advertisement -spot_img

Украина е подготвена да учествува во технички трилатерални преговори со САД и Русија, кои би можеле да се одржат до крајот на октомври во Обединетите Арапски Емирати или во друга земја предложена од Вашингтон, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски, нагласувајќи дека сега е редот на Русија да одговори на предлогот.

Зеленски, пренесува Укринформ, ова го изјави за време на разговор со новинарите во Киев, заедно со германскиот канцелар Фридрих Мерц.

„Американската страна контактираше со Украина и Русија и предлага до крајот на октомври, на техничко ниво, во трилатерален формат, да се одржи состанок на некаков начин. Вчера им потврдив дека сме отворени за учество во Емиратите или во друга земја предложена од американската страна“, рече Зеленски.

Според него, Вашингтон сега го испратил предлогот до Москва и се чека на нивен одговор.

„Реагираме позитивно на преговорите“, рече Зеленски.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img